Репрезентацијата на Грузија доживеа елиминација уште во групната фаза од квалификацискиот турнир во Рига иако денеска ги совлада Филипини со 96-94.
За да го освојат второто место, на Грузијците им требаше победа од 19 разлика, па драматичен беше финишот од мечот во кој оваа селекција се обиде на неспортски начин да дојде до продолжение. На помалку од три секунди пред крајот, Филипини имаа слободни фрлања, а од клупата можеше да се слушне селекторот на Грузија како им сугерира на своите кошаркари, ако противничкиот играч го промаши вториот „пенал“, да си постигнат автокош.
Крис Њусам навистина го утна второто слободно фрлање, но веднаш потоа се случи најсмешниот момент на натпреварот. Гога Битадѕе ја прифати одбиената топка и се обиде да ја спроведе во својот кош, но промаши и остана резултатот, 96-94 за Грузија што не беше доволно за пласман во полуфиналето. Веројатно и да се играше продолжение Грузијците немаше да триумфираат со 19 разлика, но остана смешниот момент кој уште долго ќе се прераскажува.
Селектор на репрезентацијата на Грузија е поранешниот предводник на македонскиот национален тим Александар Ѓикиќ.
Yo, this was crazy.
Georgia needed to win by 19+ to advance to the #FIBAOQT semi-finals.
Goga Bitadze tried to put back a missed free throw on the OPPONENT’S basket to send it to OT and give them a shot, but missed.
Wow, man. pic.twitter.com/nygcjwiLNE
— Blake (@blakesilverman) July 4, 2024