Високите температури проблем за спортистите во Токио. Тенисерите на Олимписките игри долго време ги предупредуваат организаторите дека високите температури се голем проблем, но барањето нивните мечеви да се играат навечер се одбиваше.
Доказ дека тенисерите со право барале промена е драмата која се случи на мечот меѓу Паола Бадиса у Маркет Вондуросова. Шпанката која водеше со 3:1 во првиот сет, се соочи со неочекувани и големи проблеми.
А причината за тоа беше топлината. Шпанската тенисерка не можеше да стои на теренот и се изгледаше дека ќе падне во секој момент.
Докторите дојдоа неколку минути подоцна да интервенираат на теренот и ја открија дијагозната на Шпанката.
Absolutely heartbreaking as Paula Badosa retires due to heat. Vondrousova is into the semis. pic.twitter.com/BNksT22RmZ
— . (@Ashish__TV) July 28, 2021
Тенисерите се побунија против распоредот во кој треба да ги играат своите натпревари. Мечевите се играат во текот на попладневните часови кога топлината е најголема, а што е најлошо, има слободни термини во подоцнежните часови и навечер.
Судир со судијата денеска поради жештината имаше и Русинот Данило Медведев. Судијата го праша дали е добро, и тој отиде кон него и му рече:
„Можам да го завршам натпреварот, но и да умрам. Ако умрам, дали ќе бидеш одговорен?”
На крајот, Русинот собра сили и го победи Италијанецот Фоњини во 3 -то коло во три сета.