Фудбалерите на Србија отпатуваа за Германија. Европското првенство започнува на 14 јуни, а „орлите“ првите обврски ги имаат на 16 јуни во Гелзенкирхен, каде ривал ќе им биде селекцијата на Англија, која е една од главните фаворити за освојување на турнирот.
На аеродромот „Никола Тесла“ владееше добро расположение меѓу најдобрите српски фудбалери, а стајлингот го предводи напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.
Поранешниот фудбалер на Партизан носеше црни чорапи кои се толку проѕирни и тенки што наликуваат на женски чорапи. Има и црвено-бела чанта „Louis Vuitton“…
Можеби Душан сакаше само да им даде до знаење на Англичаните дека е подготвен за нив дури и во авионот. Сè ќе може да покаже теренот веќе на 16 јуни.