Двојно убиство се случи синоќа во Ѓаковица, а според извештаите на косовската полиција, жртви се браќата Бљерим И.(42) и Хаџи И.(38), пренесува Газета експрес.
Директорот на косовската полиција Љумни Граишта вели дека причината за убиството најверојатно е имотно прашање и дека осомничениот е уапсен.
„Една од индициите на истрагата се однесува на имотни прашања“, рече тој.
Портпаролот на косовската полиција за регионот на Ѓаковица Шеремет Ељезај ги изнесе деталите за убиството.
„Можам да потврдам дека синоќа околу 20 часот и 20 минути добивме информација дека наводно две лица биле застрелани со огнено оружје во Ѓаковица. „Полицијата излезе на местото на настанот, додека лекарскиот тим ја констатира смртта на двајца возрасни мажи“, рече тој.