Кија Коцкар ги засени сите на снимањето на новогодишната програма на телевизијата ДМ САТ во Пожаревац. Ријалити ѕвездата се појави во секси фустан со длабоко деколте од кој цело време и бегаа немирните гради.

– Таа во Пожаревац пристигна со своето скапоцено „ауди“, а како што успеавме да забележиме, не и било тешко да вози во високи потпетици. Пејачката беше придружувана од пријателка, која досега не сме ја виделе во нејзино друштво, пишува Информер.

На Кија на почетокот и беше непријатно поради длабокото деколте, па цело време се обидуваше да ги покрие градите со раце. Меѓутоа, кога влегла во ресторанот каде се снима шоуто, потполно се опуштила и заборавила да го „чува“ деколтето.

– Така успеавме да ги овековечиме нејзините адути кои штрчеа на сите страни од нејзиниот тесен фустан. Едвај ја наговоривме да ја соблече бундата, за да ја фотографираме и убаво да им претставиме се на нашите драги читатели, пишува Информер.

– Кија ги привлече погледите на сите мажи на сетот. Додека го чекаше својот ред во ресторанот, сите зјапаа во нејзиното деколте. Таа изгледа навистина добро, не е ни чудо што сите зјапаа во неа, вели нејзина колешка.

Победничката на првата „Задруга“ е една од ретките дами од балканската сцена која може да се пофали со бујни природни гради. Кија неколку пати кажа дека нема ништо против силиконите, но дека лично не и паѓа на памет да стави. Како што неодамна откри за Информер, има четири бенигни тумори на градите и не би си играла со своето здравје.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸