90 мотоциклисти се санкционирани од Министерството за внатрешни работи само во Скопје во последните 24 часа. Доброто време носи сè повеќе мотоцикли по улиците, па сообраќајната полиција контролира дали возачите ги почитуваат правилата.

Според МВР, 42 лица не користеле кациги, 26 немале возачки дозволи и конфискувани се три мотори.

Од полицијата велат дека моторите што ги вознемируваат граѓаните преку ноќта предизвикувајќи бучава, не само што ќе бидат санкционирани, туку и конфискувани. Брзината е најчестиот прекршок. Само во саботата и неделата бие изречени 1.069 глоби за брзо возење, од кои 157 на територијата на Скопје, а 181 во Куманово.

Бројот на жртви во сообраќајни несреќи е намален за 14%. МВР најави засилени контроли наредните денови.