Познатата актерка и пејачка поминува незаборавни денови на јахта со холивудскиот актер Бен Афлек.

Латино дивата Џенифер Лопез (52) летува во прегратките на Бен Афлек (48), од кого не се раздели по обновувањето на романсата по 17 години.

По незаборавната прослава на роденденот во Сен Тропе на луксузна јахта, потоа во Монако, Џеј Ло и Бен продолжија на одмор во Италија.

Откако на Инстаграм ја објави својата прва заедничка „Бенифер“ фотографија за нејзиниот 52 роденден, познатата пејачка и актерка сега ги запали социјалните мрежи со слика во жолто бикини.

Поглед кон морето, извајана фигура, задоволна и заљубена жена – доволно за една фотографија да добие близу 5 милиони допаѓања за еден ден.