Алтуна Сејдиу (37), позната како Tуна, е македонска пејачка и текстописец од албанска националност која има издадено седум албуми и многу песни. Нејзината дискографија вклучува песни на македонски, албански и англиски јазик.

Tуна е ќерка на Шабан Сејдиу, поранешен албански олимписки борач, кој го освои бронзениот медал на две Олимпијади (1980 и 1984) за Југославија. Tуна започна со пеење уште како мала, и има настапувано на неколку фестивали. Нејзината професионална кариера започна во 2002 година на М2 потрага по ѕвезда. Таа беше една од победниците на аудицијата, каде настапи со песната Најди ден, најди ноќ, најди време.

Туна подоцна започна да ја гради својата кариера во Албанија и Косово каде пее на албански јазик. Во 2003 го издаде својот деби-албум наречен Тuna, а после него вториот албум S’ka me diktaturë (Стоп за диктатурата), во 2006. Во јуни 2012, ја издаде песната I Asaj (Нејзин) која имаше огромна популарност на Јутјуб. Во ноември 2012 го издаде својот 6-ти албум N.E.R.D.. Во 2012, Tуна се вклучи во X Factor Albania како судија. Таа, исто така, ги користеше друштвените мрежи за нејзините настапи прашувајќи ги нејзините обожаватели за X Factor.

И втор пропаднат брак

Пејачката се разведува од косовскиот пејач Патрис Бериша по скоро пет години брак. Ова е втор развод на Туна, која претходно беше мажена за бизнисменот Рилинд Река, но тој брак траеше кратко.

Блиски пријатели на Туна кажаа дека таа решила да се раздели од сопругот бидејќи бракот со Патрис веќе не функционирал.

„Туна сега отиде на патување со синовите Тиан и Зен“, рекоа пријателите на пејачката и ни кажаа дека таа купила и куќа во која живее со своите две деца.

Туна и Патрис се венчаа во 2017 година, а брзо потоа се роди нивниот прв син, Тиан. Лани Туна го роди вториот син Зен и тогаш на социјалните мрежи објави фотографии од моментот на породување.

Една од најзгодните на естрадата

Туна важи за една од најзгодните пејачки на македонската и албанската сцена. Доказ за тоа се и овие фотографии…

📸

📸

📸

📸