Дали сте способни да читате меѓу редови? Надја Броди, австралиски експерт за интимните односи ги споделува знаците на кои треба да обратите внимание, доколку сакате да откриете дали една жена е заинтересирана за вас.
1. Таа смета дека сте забавен
Бидете внимателни со овој знак, бидејќи понекогаш дамите само може да сметаат дека сте повеќе дружељубив. Но, доколку се заинтересирани за вас, тие во текот на разговорот ќе се обидат да се приближат до вас и дефинитивно ќе се смеат и насмевнувааат повеќе од вообичаеното.
2. Таа ви испраќа специјален поглед
Доколку се обидувате да разберете дали една жена е заинтересирана за вас, обратете внимание на тоа колку пати ве погледнува. Според Надја, доколку почесто ви упатува погледи, тогаш кај жената постои интерес за вас. Жените, за разлика од мажите, испраќаат пофини и пократки погледи.
3. Таа ве бара
Според Надја, жените кои се заинтересирани за вас, самите ќе создадат услови и можности за да разговараат и комуницираат со вас. На пример, доколку станува збор за заинтересирана келнерка во кафулето во кое седите, таа ќе се обиде повеќе да разговара со вас и да служи на вашата маса, отколку со другите гости.
4. Ви дава многу комплименти
Кога една жена е заинтересирана за вас, таа почесто ќе испраќа комплименти на ваша сметка. Според Надја, треба да обратите внимание на тоа што жената ви го кажува, но и начинот на кој ви го кажува.