Малку позната состојка во енергетските пијалоци се најде во центарот на вниманието оваа недела, откако научниците рекоа дека тоа делумно може да го објасни порастот на случаите на рак на дебелото црево кај младите луѓе, пренесува Дејли Мејл.

Тауринот е амино киселина која се користи во пијалоците како Ред Бул за да ги енергизира клетките и да ја подобри менталната јасност, пренесува Јутарњи.

Но, научниците од Флорида претпоставуваат дека оваа состојка може да храни и штетни бактерии кои се премногу застапени во цревата на луѓето со колоректален карцином.

ТАУРИН И ВО КАФЕТО Сè уште е само теорија заснована на прелиминарни студии на животни, па експертите велат дека сè уште нема причина за паника. Но, тауринот го има и во кафињата Monster, Celsius и во некои Starbucks пијалоци од кафе .

Студијата покажала дека секој трет возрасен на возраст од 18 до 29 години редовно консумира енергетски пијалоци. Пазарот на енергетски пијалоци во САД се проценува на околу 23 милијарди долари, што главно е поттикнато од продажбата на Red Bull, Monster и Celsius.

Потенцијалниот проблем со тауринот главно се однесува на тоа колку едно лице консумира: тој се смета за безбеден во мали количини. Сепак, се покажа дека високите нивоа предизвикуваат повраќање, стомачни тегоби, вртоглавица, замор, дијареа и запек.

Истражувачите од Универзитетот во Флорида започнуваат експеримент наречен Розана за да ја тестираат нивната хипотеза за штетноста на тауринот.

Тимот научници рече дека веруваат дека тауринот е примарен извор на енергија за бактериите кои промовираат рак на дебелото црево. Истражувачите очекуваат зголемување од 20 до 30 проценти на овие бактерии кај луѓето кои секојдневно пијат енергетски пијалоци Red Bull, Monster или Celsius.

Претходно објавеното истражување вели дека 500 до 3.000 милиграми таурин дневно се безбедни, но Европската агенција за безбедност на храна вели дека 6.000 милиграми се безбедни. Клиниката Мајо предупредува дека прекумерните количини може да доведат до повраќање, гадење, главоболка и абдоминална болка.

Во некои случаи, се покажа дека тауринот ги спречува заштитните клетки да се борат против ракот, а со тоа дозволува болеста да стане поагресивна.

Како пример, истражувачите го наведуваат Ред Бул, веројатно најпопуларниот енергетски пијалок во светот. Една лименка содржи 1.000 милиграми таурин и 80 милиграми кофеин, приближно исто како и шолја кафе. Редовната варијанта на напитокот содржи 27 грама природен шеќер, иако има и варијанти без шеќер.

Prime Energy не открива колку таурин има во една лименка од тој пијалок. Пијалокот е контроверзен веќе некое време бидејќи им се продава на децата и покрај високото ниво на кофеин: секоја лименка содржи 200 милиграми кофеин, пишува Дејли мејл.