Како што наведува светската здравствена организација, многу топли напитоци се канцерогени. Се смета дека пиејќи многу топли напитоци, било тоа да е чај или некој друг напиток, ја зголемуваме можноста да заболиме од рак.

По истражувањето спроведено на животни и луѓе, утврдено е дека и преработеното месото може да предизвика рак. Важно е да се наведе дека не е сигурно дали и кафето е канцерогено.

Како што наведува светската здравствена организација, многу топли напитоци се канцерогени.

Кафето е пијалак, кој се подготвува од печени зрна (семки) од растението кафе. Тоа е еден од главните извори на човековиот психостимуланс – кофеинот, и според многубројни медицински експерти, создава вистинска зависност (кoфеинизам). Кафето после нафтата е производ со кој најмногу се тргува во светот. Првата кафетерија во Америка била отворена во Бостон во 1670 година.

Првата употреба на зборот “кафе” во англискиот јазик, во арапската форма qahwah (قهوة), датира од 1598 година. Во англискиот и другите европски јазици, зборот кафе дошол преку холандскиот збор koffie,[7] кој потекнува од отоманско-турскиот збор kahve, кој тие го позајмиле од арапскиот јазик.[8] Арапските лексикографи тврдат дека qahwah во почетокот се однесувал на тип вино, и потекнува од глаголот qahiya (قَهِيَ),, со значење “нема глад”, па се смета дека овој пијалак го намалува гладот. Се сугерира и дека е можно да потекнува од семитскиот корен q-h-h кој означува “темно”.

Чај (од кинески: 茶, ча) — напиток кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузи од овошки или билки (како шипинка, камилица, или ѓогулан) кои не содржат Camellia sinensis . Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот,[3] и полифенолски антиоксидантски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или протеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.