Вчера цел свет остана во шок бидејќи Кристијан Ериксен колабираше на натпреварот меѓу Финска и Данска, а по медицинската помош фудбалерот беше пренесен во болница, каде што ќе остане некое време за да се следи неговата состојба.
Ериксен ја доби најважната битка за неговиот живот, а утрово имал разговор со селекторот на Данска, Каспер Хјумланд и испратил порака која е охрабрувачка со оглед на тоа дека многумина му прогнозираа крај на кариерата.
„Мислам дека вие се чувствувате полошо од мене, јас сум подготвен за тренинг со момците“, му кажал Ериксен на селекторот.
Хјумланд претходно кажа дека здравствената состојба на фудбалот е стабилна, но мора да остане уште некој период во болнички кревет за да не се ризикува со неговото здравје.