Македонската убавица и актуелна ТВ водителка на утринска програма, Вера Мештеровиќ, апсолутно нема никаков проблем со разголување и покажување гола кожа, особено кога тоа го бара работата.

Во утринската програма нема потреба од такво нешто, особено како она во провокативните едиторијали, видео спотови, инлуенсерски реклами за брендови на кои турбо работи и е една од најбараните.

Пауза од работа и време за полнење батерии, а и одржување на здравјето и убавината мора да има, а за Вера термин за било каква потреба во салоните за убавина и спа центрите, секогаш има.

На овие минусни температури убавата и актрактивна водителка реши да оди од крајност во крајност, па ако надвор е минус, таа отиде внатре во сауна на екстремен плус.

Облека тука не и беше потребна, доволно и потребно и беше само едно мало пешкирче колку да ги покрие градите и интимата. Сауната темна и мала, доволна само за еден или најмногу двајца, а Вера во случајот си беше доволно друштво самата на себе.

Комплетно препуштена на уживањето и топењето на здрав начин, па така добро запотена ги ослободи сетилата и се стави на екстремно температурно доживување и искушување.

Приватно или работно, телесниот раскош и природна убавина на Вера Мештеровиќ редоно е пред очите на јавноста од објавите на социјалните мрежи, а таа вака или така комплетно слободна ужива во се’ она што животот го нуди пред неа.

фото:Instagram printscreen/ veramesterovic