На пејачката Тејлор Свифт секако не ѝ недостига фантастично сценарио, како и сценографија, за време на турнејата. Овојпат пејачката изведе спектакуларно нуркање, поточно скокање на глава, на сцената за време на шоуто во Аризона, кое беше дел од нејзината долгоочекувана турнеја Ерас.
Неочекуваниот момент е снимен на видео и сега е хит на социјалните мрежи.
На почетокот на видеото, Свифт може да се види како ја пее „You Belong With Me“. Таа елегантно се шета низ сцената во зелен фустан пред ненадејно да се скокне со глава во дупка која била скриена од толпата гледачи. Потоа се користеше сценски ефект за да се создаде зелено прскање – како да се нурнала во зелен океан.
I GOT THE DIVE ON CAMERA #TSTheErasTour pic.twitter.com/4nPgYVlyD9
— Taylor Swift News (@TSwiftNZ) March 19, 2023
Откако шокантната сцена се случи, на големо платно беше прикажано како Свифт плива во зеленио океан, а потоа пејачката повторно се појави на сцената во нова виолетова облека за да ја отпее нејзината песна „Lavender Haze“.
@awkwatree The most impressive moment from @taylorswift ‘s #theerastour ♬ original sound – Awkwatree
Сосема очекувано, интернетот по тој момент се „урна“. Стотици илјади „излегоа“ на социјалните мрежи за да го изразат својот шок од она што се случи.
„Извинете ме, ама Тејлор Сфивт штотуку скокна со глава во вода на сцената, што?!“, беше еден од главните коментари.
Надреалниот трик ги остави фановите да се прашуваат како таа успеа тоа да го изведе.