Кануистите пронашле човечко тело за време на тренинг на Дунав во германскиот град Варбург, кое подоцна се испоставило дека припаѓа на момче.
– Се уште не можеме да утврдиме колку време телото било во вода, истрагата ќе се одвива во неколку правци – изјави портпаролот на полицијата.
Идентитетот на момчето се уште не е познат, а според официјалните податоци, ниту едно дете во баварската област на таа возраст не се води како исчезнато.
Со цел подетално да се истражи овој случај, во полициската станица е формирана специјална единица за справување со овој случај, која го добила името „Флавиус“, што на латински значи река.