Македонската новинарка, поранешна уредничка на Телевизија Алфа, Анастасија Богдановска и нејзиниот избраник, еден од водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“, викендов стапија во брак.
Актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски присуствуваа на нивната свадба, па фотографии од атмосферата споделија на социјалните мрежи.
„Со душата најдобра Владо Јовановски кај братот Богдан Илиевски на свадба. Вечни“, напиша Дурловски на Фејсбук.
Анастасија и Бетмен Велит свадбената веселба ја направија една година по раѓањето на нивната ќерка Дениција.
Дениција на прославата која се одржа во Охрид ја дувна и првата роденденска свеќичка.