Дваесет и седумгодишната А.Ш. од Широки Бријег загина денеска во сообраќајна несреќа што се случи попладнето кај месноста Висока Главица на патот Широки Бријег-Пошушје, потврди дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Кантонот Западна Херцеговина за порталот „Аваз“.

Несреќната девојка управувала автомобил „опел“ кога под се уште неутврдени околности, најверојатно поради влажен и лизгав коловоз, изгубила контрола над воланот, по што возилото се излизгало и излетало од патот.

Иако на местото на настанот веднаш била испратена брза помош, за жал, немало спас, а дежурниот лекар можел само да констатира смрт.

Со неа во автомобилот била и нејзината сестра, при што и биле констатирани полесни повреди.

📷

📷

📷