СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

(фото) Дури четири пати во текот на ист ден: Богаташка заврши во затвор поради силување на 14 годишно момче

Австралијката Савана Дејсли, богата наследничка на имот со коњи, се соочува со брутални обвинувања за сексуално злоставување на 14-годишно момче четири пати во еден ден.

Савана (48), која исто така е претприемач и инфлуенсер, ја замени својата луксузна вила од 5,6 милиони фунти на брегот на Сиднеј за ќелија во еден од најозлогласените австралиски затвори, откако судијката Жаклин Милеџ одби да ја пушти да излезе со кауција.

Одлуката на судијката е сосема јасна, бидејќи се работи за доста вознемирувачки обвинувања. Имено, според полицискиот извештај, наследничката минатата година додека била во алкохолизирана состојба запознала 14-годишно момче, што резултирало со тоа четири пати сексуално да го искористи.

Исто така, полицијата истакна дека има докази, односно снимка од телефонски повик, каде Дејсли признава дека го бакнала момчето.

Таа сега е во Женскиот поправен центар Силвервуд, во кој се сместени некои од најлошите жени престапници во Австралија.

Таа е ќерка на познатиот одгледувач на коњи Рос Дејсли, кој стана меѓународен шампион по победата на престижните трки Ројал Аскот и Њумаркет во 2003 година.

Иако нејзиниот Инстаграм профил на кој ја следеа неколку десетици илјади луѓе сега е деактивиран, од него има фотографии кои укажуваат на нејзините претходни проблеми со алкохолот, а во една од своите објави ги известила своите следбеници дека е трезна веќе 233 дена.

Савана ги отфрли сите обвиненија, а ќе остане во затвор до следното судење, кое е закажано за 23 август.