Шумски пожар синоќа избувна на Голo Брдо кај Сутоморе во Црна Гора, објавија црногорските медиуми.

– Голема површина е зафатена од пожар. Тоа е шумски пожар. Пожарот го гаснат припадници на Службата за заштита и спасување со четири возила со екипажи – изјави за радио Бар и Бар инфо Ацо Вулевиќ, командир на Службата за заштита.

Пожарот на Голо брдо кај Сутоморе и денеска е активен, но состојбата е стабилна и објектите не се загрозени, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Миодраг Бешовиќ.

Денес, утрото по беснеениот пожар, Голо брдо изгледа вака:

Во проодлжение погледнете на фотографијата како силниот пожар изгледаше синоќа: