Македонската натпреварувачка Марија Груевска во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ целосно ги шокира членовите на жирито и публиката со својот настап на сцената.

Имено, Груевска на сцената се појави со необичен гостин кој ги стаписа сите. Станува збор за албино-питон. Огромната змија ѝ се виеше околу телото, а Марија имаше и многу необичен стајлинг, кој ја воодушеви Јелена Карлеуша, а за кој беше задолжен македонскиот дизајнер, Златко Јовановски – Џеј Зи Џеј.

-Во живо, во мојот живот, никогаш не сум видела толку висока мода, како што гледам вечерва на тебе. Ова се вика висока мода… Честитки за Златко, ова е нешто невообичаено на оваа сцена, изгледаш како принцеза, пееше како да си од некоја друга димензија, тотално поинаква. Едно чудно патување што никогаш не се чуло на оваа сцена, еден тотално поразличен пристап“, ѝ рече Јелена.

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Од друга страна, пак, Виолета Вики Милjковиќ вресна штом ја виде змијата, Јелена исто така рече дека многу се плаши од змии и коментираше дека не може да гледа, иако подоцна се фотографираше со неа, додека Ѓорѓе Давид стана и се приближи да го бакне питонот.

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Шеталиште.мк: Музиката и омразата не одат заедно! – Интервју со Марија Груевска, битолчанката со глас на славеј

Постои една девојка што знае да го замени славејот. Публиката ја доживува како автентична илузија во шармантна поставеност и позитива што го разубавува моментот. Таа е совршен микс на магичен „шепотлив“ глас, перфекција, нежност и пикантерија од раскош, страст и енергичност. Несомнено ги руши сите возможни и невозможни музички бариери, па очигледно испишува приказна што допрва ќе се раскажува. Музика што допрва ќе се слуша, а ние…Епа тогаш ние ќе си се фалиме со муабетов што си го направивме со неа.

Марија Груевска е битолчанката која го прославува нашиот град, а штом го слушнете нејзиниот глас, како да имате некое чудно чувство што заносно ве тера да се слеете со акордите, да заборавите на местото, светот, времето, брзината. Едноставно слушате и уживате. Песната е лек, а оваа девојка го има вистинскиот. Сега, земете си една чаша црвено вино, ѕирнете во нејзината приказна заедно со нас и едноставно… Оставете мислите да уживаат низ патот по кој ќе ве води овој волшебен глас.

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Шеталиште: За почеток, ќе успееш ли да ни објасниш за Марија Груевска? Која е битолчанката пред да излезе на сцената и како стигнала до неа?

Марија: Јас сум најобична девојка, која како и многу други, посакав уште од многу малечка да бидам на сцена. Тргнав по тој пат, почнувајќи од основно преку средно музичко училиште, за да продолжам на музичката академија, каде што сум речиси при крај, со уште два испити пред себе…

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Шеталиште: За почеток, ќе успееш ли да ни објасниш за Марија Груевска? Која е битолчанката пред да излезе на сцената и како стигнала до неа?

Марија: Јас сум најобична девојка, која како и многу други, посакав уште од многу малечка да бидам на сцена. Тргнав по тој пат, почнувајќи од основно преку средно музичко училиште, за да продолжам на музичката академија, каде што сум речиси при крај, со уште два испити пред себе…

Шеталиште: А која е Марија што ја владее сцената? Всушност, како дојде до моментот кога твоите соништа сакаа да се искачат на сцена, држејќи го микрофонот во раце? Сонуваше ли за ова од секогаш? Самодоверба, среќа, верба, труд или што?

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Марија: Од моето скромно искуство, мислам дека за да се владее на сцената ќе ми треба уште многу труд и искуство, но со работа и учење, за сега, се снаоѓам…

Шеталиште: Аплаузот е финалето за кое живеат големите уметници. Слушајќи го славејот во твојот глас, тој е неизбежен, тој не е наметнат, не е намерен и ко што ние си велиме ,,ради реда”. Може ли да ни откриеш од која публика би сакала да го добиеш најголемиот аплауз? Која е сцената на која еден ден сакаш да запееш? Имаш ли такви соништа?

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Марија: Сметам дека секоја сцена е предизвик, но искрено, би била среќна ако некогаш во животот, заедно со останатите членови од тимот на кој припаѓам, успееме да направиме некоја поголема турнеја… Но тоа е еден огромен сон..

Шеталиште: Веруваш ли во себе и веруваш ли во чуда?

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Марија: Верувам во себе, во членовите на тимот и верувам дека чудата се случуваат само ако сите кои сме дел од нештото, вложиме максимална енергија и труд… Тогаш се случуваат чудата…Тогаш се случуваат соништата!

Шеталиште: Што се случува во шоуто ,,Ѕвезде Гранда”?! Какво е чувството да пееш пред тие големи естрадни ѕвезди? Позитивна трема, микс од скокотливи емоции или можеби страв? Раскажи ни повеќе околу тој цел ,,мистериозен” концепт што се случува зад таа сцена. П.С. На ова гледај како токму она ,,битолското и радозналото” да си ,,проработи” во прашањето. Па нели е така? Хехе

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Марија: Зад сцената е како и зад секоја сцена на вакво или слично шоу. Бара многу труд, подготовка, логистика и секако финансии, за сето она од зад сцената да изгледа вака како што изгледа на телевизиските екрани. Морам да кажам дека иако се „големи” тие се многу достапни и обични луѓе. Секако ако некој од нас е во некој свој филм, тие стануваат недостижни, ама само за таквите. За среќа јас сум раскрстила со суетата и некако супер сум прифатена. Им благодарам за тоа. Сепак пред сѐ сите сме само луѓе.

Шеталиште: Кој стил на музика најповеќе го преферира твоето уво и што е она кон кое си насочена во поглед на твојот личен музички избор? Каква песна сака да пее Груевска и апро по, што е она што е километри далеку од твоите афинитети? Што мразиш? Постои ли музика што треба да ја мразиме воопшто?

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Марија: Музиката е нешто кое не се меша со омраза. Како маслото со водата. 🙂 Некој можеби од незнаење ќе се обиде да ја обезвредни, ама таквиот не ја обезвреднува музиката, туку себе си. Јас сакам секаков стил на музика, затоа што стиловите ги гледам како перцепција во зависност од моментот и расположението. Музиката е израз на чувства, запазувања и визија. Немаме сите исти чувства. Сакам сѐ што е популарно, таков смер и изучувам. Музиката и омразата не одат заедно 🙂

Шеталиште: ,,Македонската Бијонсе” е само еден од епитетите кои се поврзуваат со тебе. Ти ласка ли ваквиот пристап?

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Марија: Иако е премногу да ме споредуваат со таква музичка величина, но најискрено има ли таква на која не би и годела таквата споредба ? 🙂

Шеталиште: Според нас, ти си маестрален сценски изведувач во секоја смисла. Костимите, сценскиот настап, гестикулациите и се разбира емоцијата што ја пренесуваш, се евидентен доказ за твојата улога над сцена. Но, имаш ли некој што ,,по малку” стои зад цела оваа фасцинантна ,,претстава” која блеснува штом се пуштат сценските рефлектори? Поддршка? Костимограф? Кореограф?

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Марија: Се трудам на сцена да ги пренесам енергиите на секој член од нашиот тим. Е сега, дел сум од еден, за мене, совршен тим, составен од:

– Најдобриот и најдлабокиот музички ум, маестрото проф. Вангел Мажевски.
– Потоа најголемиот ум од музучко сценски дел маестро Зоран Грујовски.
– Најголемиот моден креатор и стилист на овие простори Златко Јовановски
– Туку прискокнува на помош и професорот по пеење Нико Ѓорѓиевски, кој помага за усовршување на мојата вокална техника и уште некои мои блиски луѓе кои се логистика за сѐ останато. Кога сте дел од една таква екипа, не ви останува ништо друго, освен да работите и да се усовршувате.

View this post on Instagram

A post shared by 🎙 MARIJA GRUEVSKA 🎙 (@marija_gruevskaa)

Шеталиште: Кои се твоите планови? Каде се гледаш, но ние повеќе би рекле каде ќе се чувствува најудобно твојот уметнички порив во иднина?

Марија: Планот е да работиме на создавање, преработување и изведување на музика, збогатена со нови соодветни сценски креации и да дадеме свој придонес за развој на музиката на нашиве простори. Тоа ни е и обврска како професионалци, а не само желба.

И за крај Ви благодарам за покажаниот интерес и дадениот простор во Вашиот портал. Без Вас медиумите, ние би биле ништо.