Некогаш омилена ТВ водителка, а денес дизајнерка и препознатливо лице на Инстаграм. Оља Црногорац, го привлекува вниманието на публиката со извајаното тело и волшебните облини од почетокот на нејзиното појавување на малите екрани.

Денес, Црногорац се обидува да го избегне медиумското внимание, иако порано беше позната по својот бурен живот. Сепак, тоа не ја спречува да објавува предизвикувачки слики на нејзиниот профил на Инстаграм.

По серијата летни фотографии на кои позираше во разни модели на бикини, поранешната водителка ја сподели и онаа во која ги воодушеви сите во заводлива комбинација на облека.

Таа носеше градник над кој носеше само јакна, а малите шорцеви ги истакнаа нејзините витки нозе.

„Бомба“, „Опасно“, „Телото ти е како магија“, се само дел од коментарите под објавата.

Водителката ја започна својата кариера на ТВ Метрополис, но набрзо премина во ТВ Пинк, каде што меѓудругото работеше и со Огњен Амиџиќ некое време. Таа остана како една од најзапаметените убавици од ТВ екраните, иако сега ретко се појавува во јавноста.

За нејзината привлечност се пишуваше и зборуваше, па затоа важеше за една од најпосакуваните јавни личности. Поради тоа, се крена многу прашина кога влезе во првата сезона на реалното шоу „Фарма“, во 2009 година, каде што беше една од најзабележаните учесници.

Како креатор, Оља често патува во странство, што може да се види на Инстаграм, каде е многу активна и каде што често објавува провокативни фотографии.

Над 150.000 луѓе ја следат на оваа социјална мрежа, па можеме да заклучиме дека таа прилично добро заработува и на овој начин. Патем Оља толку добро изгледа, што самата себе си може да си биде модел за рекламирање на своите крации и модни парчиња.

📷

📷

📷

📷

📷