Сестрата на најпознатиот јутубер во Македонија Стефан Лазаров со своите последни објави никого не остави рамнодушен.
Станува збор за црвенокосата убавица Марија Лазарова која деновиве прослави роденден, а потоа реши да ги израдува своите обожаватели со неколку фотографии на кои позираше во костим за капење.
Имено, Марија продолжениот викенд и топлото време реши да го искористи за да си ги наполни батериите, па спас од високите температури побара во базенот од хотелот во кој што е сместена на Малта заедно со своите пријтелки.
„Роденденска забава со убаво друштво“, напиша Марија под фотографиите што ги објави.
Таа позираше во дводелен модел на костим за капење во бела боја, истакнувајќи го своето убаво тело во преден план.
Фотографијата веднаш предизвика бура од реакции кај нејзините следбеници, а многумина и порачаа дека изгледа феноменално.