Руските воени сили го стегаат обрачот околу главниот украински град Киев. Од утринските часови одекнуваат експлозии, украинските власти тврдат дека Русија врши ракетни напади и веруваат дека руските сили планираат да влезат со тенкови во Киев.

Украинскиот претседател во текот на изминатата ноќ нареди општа мобилизација, а со одлука на Министерството за внатрешни работи на мажите на возраст од 18 до 60 години им се забрани да ја напуштаат државата.

Голем дел од жители на Киев во страв ги напуштија своите домови и ноќта ја поминаа криејќи се во подруми и подземни метро-станици.

Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии од изминатата ноќ кога голем број Украинци како засолниште го користеа подземното метро и подрум на едно училиште во Киев.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸