Актерката Џилијан Андерсон (52) организираше директно вклучување на Инстаграм, одговарајќи на прашања од нејзините обожаватели, од кои има близу два милиони на оваа социјална мрежа.
На прашањето како изгледа нејзината облека за време на карантин, актерката одговори:
“Јас сум толку мрзлива што повеќе не носам градник. Мислам, не можам да носам градник. Не можам, жал ми е. И не ми е гајле дали моите гради ќе дојдат до папокот. Не носам градник повеќе. Едноставно е непријатно!”
Така, секој ден носам удобни црни тренерки и соодветна маица. Го носам тоа цел ден!“
Нејзините зборови беа толку импресивни што некои девојки излегоа со ветување дека и тие ќе го исфрлат градникот.
„Ако двократната добитничка на Златен глобус и Еми рече дека нема повеќе градници, кои сме ние да се спротивставиме на тоа“, напиша една девојка.
“Никогаш не носам градник и добив неколку одвратни коментари, поради тоа. Но, ако Џилијан Андерсон не носи градник, одлуката оди во мој прилог”, вели друга жена.
Џилијан Андерсон (52) стана неверојатно популарна кога глумеше во серијата Досие Х со актерот Дејвид Духовни (60). Сега ја гледаме во серијата Круна во која доминира во секој поглед.