Се повеќе девојки и жени не можат да одолеат на естетските и козметичките корекции на лицето и телото.

Волументозните усни како да станаа задолжителни за пејачките и водителите на Балканот, па останаа многу малку кои се уште не ставиле хијалурон во усните.

Повеќе или помалку, целта е иста – да се има поголеми и напречени усни:

Марјана Станојковска, Антониа Гиговска, Мартија Станојковиќ, Симона Поповска, Елена Велевска, Елена Стефановска, Сани Гроздановска…

Едноставно кажано списокот е многу долг, а помал е на оние кои решиле да останат со она што им го дала мајката природа како што се: Каролина Гочева, Катарина Ивановска, Андријана Јаневска и уште неколу такви кои станаа раритет.

Нова во редот на оние со големи усни влезе и пејачката Теа Трајковска. Промената кај неа е евидентна, а веројатно е задоволна од постигнатиот визелен ефект. Ги напрчи новите усни и ги покажа на Инстаграм.

Дали станува збор само за шминка и техника за таков ефект, или пак Теа навистина со естетска корекција решила да ги зголеми усните, знае најдобро самата.

Сепак, едно е јасно како бел ден, во денешно време естетските трендови преминаа кон конформизам кај понежниот пол од кој ретко која прави отстапки.