Поп-starвездата Јелена Карлеуша објави фотографија од Ургентниот центар во Белград и откри дека завршила на инфузија откако ја каснала оса.
Јелена беше итно примена на Ургентен центар каде ја доби целата неопходна грижа, а на нејзиниот Инстаграм профил јавно им се заблагодари на вработените кои ѝ помогнале.
„Им благодарам на прекрасните луѓе од Ургентниот центар… Понекогаш убодите од оса се претвораат во задушување и отоци … Но, исто така, во запознавање со прекрасни луѓе кои спасуваат животи“, објаснила Јелена во својот пост.