Македонската поп-пејачка Каролина Гочева и уметникот Михаил Корубин побегнаа од горештините на убавиот грчки остров Крф.
Популарната брачна двојка, судејќи по фотографиите што ги објави Каролина на својот инстаграм-профил, ужива во сѐ што нуди убавиот остров – прекрасно море, храна, пијалак, идилични глетки и летни ноќи…
Каролина на една од фотографиите носи прекрасен долг бел фустан, додека смеејќи се позира, додека на другата го покажува згодното тело во интересен костим за капење.