Откако започна пандемијата со коронавирус, како и повеќето Лила најголемиот дел од времето остана дома почитувајќи ги мерките за заштита од вирусот.
Таа живее во општина Чаир каде има голем број на заболени, па од таа причина е уште попретпазлива.
Веруваме дека она што најмногу и недостасува, се снимањата на квизоот „Се или нешто“ кој неговите учесници и ТВ гледачите не би сакале да остане без крај на оваа сезона. Лила секогаш има и дополнителна работа, а тоа пред се е инфлуенсерството во кое е особено успшна.
Но кога е дома, секогаш е во друштво на нејзиното милениче, мачорот Рагнар кој доста често го објавува на својот профил на Инстаграм.
За промена, Лила реши да објави и една никогаш видена ретро фотографија од нејзините родители.
„Сеќавања… Мама и тато“ – напиша Лила во описот.