Водителката Лила Филиповска Велигденските празници одлучи да ги помине во Македонија, и тоа во еден од нашите најубави туристички центри – Маврово.

Таа замина во викендица со своите пријатели, а ноќта воскресението Христово го дочекаа во Бигорскиот манастир.

Вчера температурите беа навистина високи, па Лила реши да се олади од топлото време и тоа во џакузито кое се наоѓаше во дворот на викендицата каде беше сместена.

Овие нејзини фотографии добија илјадници лајкови во првиот час, а коментарите беа дека таа никогаш не била позгодна и поубава…па, оценете сами.

📸

📸