Поранешниот српски фудбалер Матеја Кежман, кој во текот на својата кариера меѓу другото ги бранеше и боите на ПСВ, Челзи, Атлетико Мадрид, Фенербахче и ПСЖ, синоќа повторно ја шокираше јавноста со својот изглед.
Откако пред извесно време јавноста го видео со долга коса и уште подолга брада, сега поранешниот напаѓач тотално го промени имиџот.
Имено, Кежман вчера вечер во улога на аналитичар го коментираше финалето од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челзи на ТВ Арена, а имиџот со кој се појави беше целосно различен од оној кој јавноста го знаеше од пред неколку месеци.
За што точно зборуваме, погледнете на фотографиите.