Две безживотни тела биле пронајдени вечерva во фотокопирница во центарот на Зеница, потврдија од зеничката полиција.
Од дежурниот оперативец на МВР на Зеничко-добојскиот кантон изјавија дека случајот во 21 часот и 20 минути бил пријавен во полициската станица Центар.
„Полицајците пронајдоа две безживотни тела во фотокопирницата НО8 на улицата Исламбеговиќ и во тек е увид“, изјави дежурниот оперативец за порталот „Кликс“.
На местото на настанот пристигнал дежурниот кантонален обвинител кој е задолжен за истрагата.
– Неофицијално дознаваме дека мажот со иницијали М.Б. ја убил Н.П. со истрели од огнено пиштол, по што се самоубил, објави „Кликс“.