Медицинска сестра доби отказ откако беше откриено дека имала врска со пациент кој починал за време на нивната секс акција на паркинг во болница во Велс.

Пенелопе Вилијамс (42) една година била во врска со пациент кој дошол во болница на дијализа. Мажот починал од срцев удар за време на ноќен секс.

Советот за медицински сестри и акушерство (NMC) започна истрага откако доби информација дека Вилијамс не се јавила на 911. Наместо да се јави во Итна помош, таа повикала колешка, која ѝ рекла веднаш да повика помош, но медицинската сестра не реагирала и само плачела. На крајот колега повикал брза помош. Тимот го пронашол пациентот делумно гол и без знаци на живот, пренесуваат британските медиуми.

Вилијамс потоа и рекла на полицијата дека го запознала откако тој ѝ пратил порака на Фејсбук дека не се чувствува добро. Таа тврдела дека поминала само „30 до 45 минути“ на задното седиште од неговиот автомобил и дека само разговарале.

– Пациентот само почна да стенка и наеднаш почина – рече таа на првото рочиште во февруари.

Пенелопе Вилијамс (42)

Подоцна, сепак, признала дека биле во врска една година и дека таа вечер го запознала поради сексуална средба. Не долго потоа, таа беше отпуштена од болницата.

– Постапките на г-ѓа Вилијамс се значителни отстапувања од стандардите што се очекуваат од пријавена медицинска сестра и се некомпатибилни со нејзиното останување во регистарот – велат од комисијата на медицински сестри.