На новата мис на Финска, која е со косовско потекло, ѝ беше одземена титулата откако беше видена како прави расистички гест кон Азијците. Иако во нашиот регион тоа би го сфатиле како шега, тоа не можеше да пројде во Финска.

Фотографијата беше објавена со натпис: „Кога мора да вечераш надвор со Кинез“.

Како резултат на оваа одлука, Тара Лехтонен, која заврши втора во септември, ќе биде новата Мис Финска. Впрочем, Сара Џафце организираше прес-конференција на која, меѓу другото, се извини.

„Многу ми е жал на сите што ги навредив и повредив со моите постапки на социјалните мрежи“, рече таа.