Младата Јована доживеала вистински кошмар по враќањето од одмор на егзотичниот остров Занзибар, откако во нејзиното стапало се вселил паразит кој буквално се движел под кожата.

Според нејзиното сведоштво, сè започнало како идеален одмор – сонце, плажи и бел песок. Но, по враќањето дома, забележала необичен свраб на стапалото, кој брзо се претворил во сериозен проблем. На кожата почнале да се појавуваат црвени, извртени линии кои се менувале од ден на ден.

„Го чувствував како се движи под кожата. Секој ден беше на друго место и не можев да направам ништо“, раскажала таа, опишувајќи ја состојбата како исклучително непријатна и вознемирувачка.

Што се случило?

Лекарите утврдиле дека станува збор за инфекција наречена cutaneous larva migrans – паразитска состојба предизвикана од ларви кои најчесто се наоѓаат во цревата на кучиња и мачки. Јајцата на паразитот завршуваат во песокот преку измет, а при контакт со кожа (на пример одење бос по плажа) можат да навлезат во телото.

Бидејќи човекот не е природен домаќин, паразитот не може да навлезе длабоко во организмот, па останува под површината на кожата и „шета“, создавајќи видливи траги.

Кои се симптомите?
– Интензивно чешање и печење
– Црвенило и оток
– Карактеристични „виеугави“ линии под кожата

Без третман, паразитот може да остане во телото со недели, па дури и месеци, сè додека не угине.

Како да се заштитите?

Експертите советуваат:
– Да не се оди бос по песок или влажна почва
– Да се користат папучи на плажа
– Да не се лежи директно на песок без пешкир
– Да се мијат стапалата по престој на плажа

Иако состојбата најчесто не е опасна по живот и се лекува со терапија, овој случај е потсетник дека и најубавите туристички дестинации можат да кријат сериозни здравствени ризици.