Антониа Гиговска со текот на годините покажа дека е веројатно една од неколкуте млади македонски пејачки кои се најдоброто што и се случило на домашната естрада во последнава деценија. И според она со каков глас ја надарил Бог, со каква телесна дарба и убавина ја обдарила мајката природа, според тоа како се развива и како личност, а и како се одвива нејзината музичка кариера, па се до приватноста која не ја крие, но ја става на увид на јавноста толку, колку што е само неопходно истата со секој свој потег или објава на социјалните мрежи да ја заскокотка.

Со еден збор, Антониа секој ден се повеќе покажува дека не е „ветер во МАГЛА“ ни како личност, уште помалку како музички изведувач…Напротив, распената убавица се повеќе е „МАГНЕТ“… И тоа за многу нешта: Од грст хитови, преку „влажни машки погледи“, до српски народњаци… Еве и зошто!

Музички, секоја нејзина нова песна станува широко прифатена кај најзината и не само нејзината публика, а таа е музички и пејачки се’ позрела, поубедлива, подопадлива, се поблиску до друштвото на нашите најголеми ѕвезди.

Вокално, гласот кој и самиот со годините природно созрева, постојано го надградува и култивира, додавајќи му ги ситните финеси кои ја прават разликата… Како зачин, како миродии во јадење, кои ја даваат неодоливоста на посакуваниот вкус.

Физички, подложна на трансформации, она што е природна убавина знае и умее да го „избруси“, што самата, што предавајќи се во вистинските раце на оние кои се мајстори за шминка, мејкап, фризура, модни креации, фитнес… Кај естетските хирурзи засега не тропнала на врата, зашто веројатно и не мора!

Приватниот живот не го крие како „змија нозете“, ама и секој личен момент „не го сервира на послужавник“, на увид на јавноста… Нејзината приватност е доволно дозирана, онолку колку што треба. Последните објави на социјалните мрежи се доказ, жива вистина за посочените тези.

Антониа со своето момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов ужива на море… Овој пат во Саранда, во Албанија. Русокосата убавица во костим за капење уште еднаш го сподели сиот свој телесен потенцијал, потсетувајќи дека телесниот раскош и е адут повеќе за успех.

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Затоа Антониа и е „МАГНЕТ“ не само за публиката, туку и за „машки очи“, чии „влажни погледи“ се лепат за секоја од нејзините скокотливи објави. Привлекува како „МАГНЕТ“ визулно, ама и музички, а наскоро ќе дознаете и зошто?!

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

А што се однесува до пеењето…? Не само поп и ар ен би, Антониа на моменти умее да покаже дека и „народњаците“ не и се енигма… Особено оние од српската фолк естрада! Уште пак, ако покрај песната ти се погоди и дуетот, на добар пат си да го освоиш светот. Барем оној твојот, што го замислуваш, за кого живееш и сонуваш… да ти цутат бели рози!

Зашто, колегата од дуетот, е веќе освоен… Со „Беле руже“!

View this post on Instagram

A post shared by Jovanov Ivan (@jovanov_ivan)