Калифорниската полиција од округот Соном, примила пред некој ден многу чуден повик кога еден човек рекол дека во кругот на пилана пронашол простетичка нога.
Бидејќи не знаел кому припаѓа ногата со сина патика, ја повикал полицијата. Немал претстава како ногата се створила тука.
Истовремено, извесен Дион веројатно цело време се прашувал каде му е ногата која му испаднала при скок со падобран. Ја пребарувале областа во која слетале, но залудно.
Мистеријата била решена кога локален шериф повикал близок аеродром и набргу утврдил за што станува збор.
На Дион му го вратиле простетичкото помагало, вредно 15.000 долари.
За сеќа, ногата не паднала врз никого и не уништила ништо при падот, ниту била оштетена.
Инаку, Дион вели дека ногата ја изгубил пред две години во стравична несреќа, исто така при скок со падобран, но тоа не го спречило повторно да се испроба во овој спорт.