Во црногорскиот дел на Јадранот, двајца рибари извлекле од морето риба од семејството на големите раји, манта, односно попозната како „морска ѓаволска риба“. Како што е наведено, може да порасне меѓу 5,5 па дури и до седум метри во ширина.
Уловот е објавен на страницата на Инстаграм „Подгорички времеплов“, каде во описот стои дека рибата е извлечена од Јадранското Море во Бигово во близина на Котор. Рибата со импозантна големина и чуден изглед, стоела на плажата додека над неа стоеле рибарите кои со мрежите го извлекле уловот. Како што се наведува, фатен е на длабочина од 100 метри и претежно живее во океани.
Манта е една од најголемите риби кои живеат во океаните. Поради необичниот распоред на пекторалните перки, кои формираат еден вид рогови на главата, мантата го добила името „морска ѓаволска риба“. Но, немаат ништо „ѓаволско“ во нивниот начин на живот и однесување. Тие се мирни и повлечени суштества.
Рибата манта е позната по својата способност да скока високо од водата (на висина од еден и пол метар). Кога голем поединец паѓа во водата по скок, се слуша звук сличен на гром, кој може да се слушне неколку километри во близина“, се вели во описот на страницата.