Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот М-17 кај Јабланица (Босна и Херцеговина) при судир на автомобил и камион, а сообраќајот е целосно запрен. Портпаролот на МВР, Људевит Мариќ вели дека несреќата се случила во 10 часот и 25 минути кога автомобил Фолксваген и камион Ман се судриле кај местото Комадиново врело.

„Во патничкиот автомобил едното лице се здобило со тешки телесни повреди, а другото не дава знаци на живот. Во моментов сообраќајот е целосно во прекин“, изјави Мариќ. На местото на несреќата се полициски службеници кои ќе вршат увид и надлежен обвинител од Коњиќ.

Како што потврдија за Klix.ba, во автомобилот имало маж и жена. Мажот починал на местото на несреќата, а жената е пренесена во болница. Интервенирале повеќе екипи на Итна медицинска помош кои тешко повредената ја пренеле во мостарската болница за да и помогнат, додека безживотното тело на починатиот се уште е на местото на несреќата, кое го обезбедувале полициски службеници поради спроведување на сите дејствија предвидени со закон.

На местото на несреќата излегле и пожарникари. Сообраќајот ќе биде целосно во прекин до крајот на истрагата, а на автопатот меѓу Мостар и Сараево веќе се формираат долги колони возила. Повеќе детали за несреќата и околностите под кои се случила ќе се знаат по сите истражни дејствија што ги налага законот.