Автокампот „Ливадишта“, во Радожда во Струга, е отворен за туристите. Според информациите од „Елем турс“ превземени се чекори за подобрување на условите и безбедноста на овој автокамп.
„Ние превземавме значителни чекори за подобрувањето на условите на овој автокамп во делот на реновирање на јавните тоалети, во делот на одржување на зеленилото во овој авто камп, создаваме нови услови за турситите кои што ќе ги користат овие капацитети во нашите плажата на авто кампот, на една на најубавите плажи во Струга.
Ние нема да застанеме тука со нашите капацитети. Со подршката на Министерството за економија која што ја имаме цело време ние ќе се обидуваме да привлечеме што е можно повеќе туристи во капацитетите со кои раасполагаме како „Елем турс“,” изјави директорот на „Елем турс, Адем Авзиу.
Тој додаде дека со подршката на државата и надлежните институции се направени сите потребни активности во автокампот „Ливадишта“ за почеток на летната сезона за пречек на туристи од државата и регионот.