Српскиот пејач Дарко Лазиќ со новата фотографија ги остави сите во неверување.
Имено, неговите следбеници не престануваат да коментираат за фактот дека пејачот, според нив, изгледа „премногу слабо“.
„Нему не му е лесно, целиот е исушен“, „Колку ти пропадна …“, „Што стана од толку убаво момче? Ужас“, се некои од коментарите под фотографијата на Дарко.
Да потсетиме, Дарко имаше дури 162 килограми, а по само неколку месеци ја спушти тежината на 75 килограми. Откако диетите не вродиле со плод, Дарко одлучи да направи операција за намалување на желудникот.
– Дали знаете дека ми требаа кафеави патики? Погледнете го ова, носев 43 број и како што ослабев, се смали и ногата. Сите патики што ги носев претходно не можам повеќе. Стапалото беше широко, па морав да земам поголеми обувки. Имав 162 килограми, рече Дарко во една емисија, а потоа додаде дека успеал да ја намали својата тежина на околу 74 килограми:
– Изгубив 88 килограми. Ослабев 5 килограми и тогаш изгледав многу грдо. Последните месеци се борев да се здебелам, цел живот се борев да ослабам, а сега едвај се здебелив. За два месеци се здебелив 5 килограми. Пиев сок навечер, јадев слатки, ставав чоколадо и се будев навечер за да јадам и да се здебелам. Сега имам 80 килограми и ова е мојата вистинска тежина, сега нема да променам ништо, изјави Дарко во емисијата „Амиџи шоу“.