Најпознатата македонска фудбалска ѕвезда Горан Пандев покажа дека знае да биде романтичен и знае како да ја изненади својата сопруга.

Пандев и приреди изненадување на Надица, неговата сопруга за нејзиниот роденден.

На инстаграм профилот сподели видео од ресторан во Италија каде вработените носат роденденската торта со свеќички за Надица како изненадување од сопругот.

Широката насмевка на Надица докажува дека изненадувањето од сопругот и се допаднало и дека и годи. На роденденскиот ручек биле и трите децата на парот, Филипо, Ана и Софиа.

– Многу сум среќна што го имам Горан за сопруг. Тој е прекрасна личност, добар татко и сопруг. Тој е мојот вистински дијамант, изјави Надица во интервју за Женски магазин.