Со полициска придружба и највисоки почести денеска беше погребан Рајан (5), момчето кое почина по четири дена поминати во бунар во Мароко.
Момчето беше погребано денеска во близина на родното село, а неговото тело претходно беше предадено со хеликоптер. Многу мештани од неговото село, како и граѓани од цело Мароко беа присутни на гробиштата.
Бил поставен шатор за да можат родителите на момчето да добијат сочувство. Полицијата и локалните власти направија се за неговото семејство да биде под помал притисок, оневозможувајќи пристап до гробиштата и нивната куќа.
Калед Орам и Васима Хершиш – таткото и мајката на жртвата Рајан им се заблагодарија на спасувачите кои деноноќно се обидуваа да стигнат до нивниот син.
😢
😢
😢
😢