Пејачката со своите следбеници сподели фотографија од тетоважата која планира да ја направи.
Теодора Џехверовиќ го привлече вниманието на јавноста со својата музика, но и со својот атрактивен физички изглед.
Пејачката е многу посветена на своето тело, а не крие дека обожава тетоважи.
Иако веќе има неколку, таа нема намера да застане тука, туку планира да направи нова, која ќе се наоѓа на долниот дел од грбот, за што ја информирала својата публика преку социјалната мрежа Инстаграм.
– Мислам дека знам која е следната – напиша пејачката со сликата од тетоважата веднаш над задникот и со натпис: „Твоја сум“.