Тешка сообраќајна несреќа околу 23 часит се случила синоќа на Ул.Цветан Димов во скопската населба Чаир, објави порталот 24 инфо.

Прегазен е пешак на пешачки премин од страна на Голф 6.

Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата и се уште нема информации во каква состојба се наоѓа пешакот.

Полицијата извршила увид, а повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот.

📷