Уште еден инцидент на пешачки перемин. Момче на мотроцикл попладнево прегазил пешак во Кисела Вода.

Очевидци велат дека кусо по несреќата момчето избегало, а повредениот со брза помош бил префрлен во болница.

И од МВР информираа за инцидентот. За Телма велат дека е пронајден малолетникот.

Возел без возачка дозвола, мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.