Хрватската планинска спасувачка служба во петокот објави дека изгубиле уште еден важен член од нивниот тим – кучето Омар.

– За само неколку дена разлика, единицата К9 на ХГСС доживеа две големи загуби. Покрај Џези, на 13 години не напушти и нашиот четириножен колега Омар – велат тие.

– Омар пристигна од Чешка како мало кученце, а неговиот водич Бруно Чапета веднаш го препозна големиот потенцијал што Омар го покажа веќе на почетокот на нивниот соживот. Омар напорно тренираше со својот Бруно од првиот ден: од социјализација до сериозен тренинг што резултираше со она што е најважно – пронаоѓање на исчезнати лица. Служењето во служба на спасување човечки животи, служењето во Хрватската планинска спасувачка служба е посебна приказна, посебна посветеност, посебно пријателство и лојалност – велат од ХГСС.

Тие додаваат дека Омар заминал на доцна кучешка возраст, а колегите спасувачи ќе го паметат како вистинска легенда и верен придружник.