Во потрагата по Данка Илиќ (2), девојчето чија секоја трага е изгубена во вторникот во 13 часот во Бањско поле кај Бор, пожарникарите се подготвени да ги пребараат сите канали кои водат до езерото кај Бањско поле, можеби ќе треба во текот на истрагата да се пребара целото езеро, дознава „Блиц!

Информациите до кои дојде „Блиц“ од извор близок до истрагата укажуваат дека пожарникарите се подготвени да ги пребараат сите водоводни и канализациони системи во Бањско поле, како и каналите кои водат до езерото во околината каде што била пријавена исчезната Данка Илиќ.

Извор од истрагата за „Блиц“ вели дека при продолжување на потрагата можеби ќе треба да се прегледа целото езеро.

Додека трае теренската потрага по девојчето, Ивана Илиќ, мајката на Данка Илиќ (2), веќе четири пати со часови е испрашувана во полиција од две причини – првата за да се сети на сите детали од кобниот ден, а второ затоа што на полицијата и е чудно што децата биле донесени на имотот да се прошетаат во дождлив ден.