Македонската мисица и модел Кристина Димитриевска летото најмногу го минуваше во Охрид. Крај езерската шир на македонскиот бисер, малку на плажа, малку на глисер, убавицата ги впиваше сончевите зраци бегајќи од пеколните жештини, уживајќи во магијата на летото и неговите волшебни можности.

Преку ден најчесто со своето синче, плод на љубовта од кусиот брак со пејачот Даниел Кајмакоски, од кого Кристина речиси и не се двоеше… Но штом денот помине и сонцето почнува да заоѓа, децата мораат да одат порано на спиење.

А, тогаш „се буди ѕверот“ во убавицата, која очигледно не пропшушташе ноќите да си ги посвети само себе си, во „луда“ забава.

Охрид и ова, впрочем како и секое лето изобилува(ше) со настани, журки, свирки, концерти… па на Кристина не и било тешко да има разновиден ноќен живот одбирајќи го за неа најдоброто од ноќната понуда.

Но, она што очигледно по ниту една цена не го пропуштила, па и самата го овековечила со фотографии на својот Инстаграм профил, е концертот на српската поп ѕвезда Саша Ковечевиќ во Охрид.

Кристина и Саша се „стари пријатели“, па затоа мисицата не остави на ништо на случајноста и побрза да го исконтактира, да го најде и да се види со пејачот кој им е слабост на илјадници млади девојки, иако очигледно тој преферира нешто друго…

Насмеана од уво до уво: Екс-сопругата на Даниел Кајмакоски во прегратка на Саша Ковачевиќ (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Поточно, нему му се „слабост“ разведените млади жени, што го докажува со својата неколкугодишна врска со неговата актуелна девојка Зорана Тасовац, некогашна српска мисица и бивша сопруга на актуелното момче на Цеца, со кого таа има и дете.

Кристина очигледно ги исполнува сите „критериуми“ на пејачот, иако никој не може да потврди дека меѓу нив има нешто повеќе од само обично пријателство и дугарска дружба…

Барем јавно, е така! Жив доказ, споделените фотографии!

А кога сме кај фотографиите како доказ, македонската мисица по одморот и дружбата со поп ѕвездата се врати дома и побрза да се вакцинира… Што си е сигурно – сигурно…!

Вакцинацијата едни ја протежираат со сите сили, други ја одбиваат и негираат, ама Кристина сепак сметала дека вакцината штити, па замина да ја прими… Во Скопје или родното Тетово, прва или втора доза и од кој производител – не обзнани, ама затоа побрза да се боцне… За секој случај! вистина.мк