Француската фудбалска јавност остана во шок после трагедијата која се случила и смртта на поранешниот голман на Пари Сен Жермен, Кристоф Рево, кој починал на 49-годишна возраст од засега нејасни околности.

Рево, кој целата кариера ја мина во татковината, а во еден период бранеше и за гигантот од престолнината бил пронајден мртов во својот дом, а причина за смртта не е позната, ниту полицијата не коментира ништо.

Телото на бившиот голман на ПСЖ бил пронајден во Авр, а драмата во неговата куќа траел неколку часа и засега нема информации ни кој го пронашол безживотното тело, ниту што всушност се случило.

Тој е легенда на Авр за кој дебитираше во 1992 година, а потоа за два милиони евра мина во ПСЖ пет години подоцна, за потоа да замине во Рен, а бранеше и за Тулуз. Во 2007 година се врати во Авр, а после три сезони во 2010 година се пензионираше.

После завршувањето на кариерата беше тренер, а во еден период и спортски директор на клубот.