Македонските ракометари ќе бидат дел од групата А на следното Европско ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Словенија и Унгарија.

Ждрепката сакаше Македонија за противници да ги добие домаќинот Словенија, Данска и Црна Гора.

Организаторите веќе распределија дел од репрезентациите што веќе имаат пласман во кој град ќе играат. Хрватска ќе игра во Сегед, домаќинот Унгарија во Будимпешта, додека вториот домаќин Словачка ќе игра во Кошице. Чешка ќе игра во Братислава, Германија исто така во словачката престолнина, а Словенија ќе игра во групата во Дебрецен.

Група А: Словенија, Данска, Македонија, Црна Гора

Група Б: Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија

Група Ц: Хрватска, Србија, Франција, Украина

Група Д: Германија, Австрија, Белорусија, Полска

Група Е: Шпанија Шведска, Чешка, БиХ

Група Ф: Норвешка, Русија, Словачка, Литванија

Првите две репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман во следната фаза.